Мицевски до Шекеринска: Помислете малку за државата

мицевски

-Радмила ако ти е за пари кажи. Пренеси му и на твојот лидер отворена е понудата за подршка од ВМРО-ДПМНЕ за подршка на малцинска Влада само државата не ја продавајте !  Го знаеме вашиот начин на владеење, ќе си обезбедите и со јахти и со десетици станови за ској од врхушката и пари, сето тоа некако ќе се надмине, но никогаш нема да може да се надмине ако ја продадете државата, тоа се прави еднаш засекогаш.  Помислете малце за државата, помислете за нашите деца, за вашите деца, помислете за претците и јунаците што се бореле за оваа држава.  Македонија и македонецот никогаш нема да ви простат, а ако е за јахти и станови, ако треба и ќе отвориме повик за донации, само државата оставете ја, напиша Мицевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.