Мицевски: Со затворање на ТЕЦ Осломеј и РЕК Битола без работа остануваат 3.500 лица

Законот за заем од 100 милиона евра не е никаква поддршка, со него на мала врата се внесува нешто друго. Или забораваат да кажат дека до декември 2023 година ќе го затвориме ТЕЦ Осломеј, а до 2027 ќе се затвори РЕК Битола. Со ова остануваат луѓе без работа, 3.500 лица остануваат без работа, и тоа треба да им се каже на граѓаните, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на гостување во емисијата Само вистина што се емитува на телевизија Канал 5.

„Ова ВМРО-ДПМНЕ не го поддржува“, рече Мицевски кој додаде дека партијата одамна насети што ќе се случува и бараше расправа и решенија за истото.

Тој укажа дека во 2020 година ВМРО-ДПМНЕ побара надзорна расправа, а СДСМ бегаше од темата.

Според Мицевски во овој момент е клучно да се стави акцент на сериозни законски решенија за излез од кризата.