Мицевски: Толку се неспособни што реализиран проект во вредност од еден милион евра, две години чека да биде пуштен во употреба

Толку се неспособни што реализиран проект во вредност од еден милион евра, две години чека да биде пуштен во употреба.

Во недостаток на реализација, единствено што им преостанува се лагите и манипулациите кој секојдневно ги слушаме.
Ова е вистината за брана Пишица.

Изградбата на брана Пишица е отпочната во 2015 година а изградена во 2018 година, со средства на МЗШВ.
Скоро две години се чека на одобрение за употреба од МзТВ, што ќе значи нејзино ставање во функција и надминување на проблемите со кои се соочуваат жителите во околина на браната.

Иако во дел од медиумите имаше објавена информација дека поради пензионирање на дел од членовите на комисијата, а дел наводно обвинети во кривична постапка, не можела да издаде одобрение за употреба, информација која најверојатно произлегува од Министерот за транспорт и врски Сугарески, е тотална лага и измислица, со цел власта да ја сокрие својата неспособност.

Имено, согласно Законот за градење, доколку е комплетно завршена изградбата и е поднесено барање за одобрение за употррба од страна на инвеститорот, комисија формирана од Министерот заТранспорт и Врски е ДОЛЖНА во рок од 15 дена да изврши технички преглед на објектот.

Комисијата е составена од најмалку три члена и нивни заменици, со овластување за надзорен инженер издадено согласно со закон.

Од кои причини Сугарески не формира комисија останува нејасно, но доколку само од неговиот потпис зависи ставањето во финкција на браната и решавање на проблемот со вода за огромен број на жители, треба да сериозно да размисли и конечно да почне да си ја врши работата за која е платен од граѓаните.