Мицевски тврди дека 720-те илјади евра ги уплатил на сметката на Сојузот на Боки 13

Два часа битолскиот бизнисмен Силјан Мицевски во понеделникот даваше исказ во Обвинителството за гонење организиран криминал во врска со случајот „Рекет“, пренесе НоваТВ.

Мицевски беше повикан во Обвинителството од обвинителката Русковска како лице кое треба да даде „потребни известувања“ за случајот.

Мицевски кажал дека 720.000 евра префрлил на сметката на Меѓународниот сојуз, а не на сметката на пензионерката Лилјана Тодоровска, како што таа тврдеше.

Прашајте го Бојан како ќе ми ги врати парите, одговори Мицевски, на новинарско прашање на кој начин очекува парите да му бидат вратени.

Притоа негираше дека имал средба со Боки 13 и рече дека партите ги префрлил преку банка директно на сметка на Меѓународниот сојуз.

Откако изби аферата „Рекет“ пензионерката Лилјана Тодоровска тврдеше дека Сиљан Мицевски префрлил на нејзина сметка пари за авторски договор за изградба на старечки дом. Откако банката алармирала за големиот износ на пари кои биле префрлени, реагирала Управата за финансиско разузнавање, но тогаш Мицевски рекол дека зделката е легална и дека за парите е платен данок.

Вилма Русковска по приведување на Катица Јанева рече дека освен Камчев, исказ дале и други бизнимени кои негирале дека дале пари.

Русковска тогаш не посочи за кои бизнисмени се работи.

Претходно денеска кај обвинителката Русковска беше и водителката Лила Филиповска, блиска пријателка на Боки 13 и члесто пати беа заедно на најразлични манифестаци и на заедничики патувања.

Филиповска не одговори дали била заедно во автомобилот со Боки 13 беше приведен на граничниот премин Богородица и дали имало торба со пари, ниту пак, дали го посетила во притворот во Шутка, каде Боки 13 е веќе втор месец.