Мицевски: Во општина Сопиште се реализираат ветените проекти на ВМРО-ДПМНЕ

244

ВМРО-ДПМНЕ во целост ги исполнува програмите за кои се залагавме од 2013 година, а истите се во интерес на граѓаните на општина Сопиште и сакам да кажам дека програмата која ја ветивме пред граѓаните истата во голем дел се реализираше, изјави на денешната панел „Инвестираме во општините за подобар живот на граѓаните“,Јане Мицевски.

„Можам да кажам дека само со работа и со сериозен ангажман кон работата можат да се постигнат видливи резултати. Општина Сопиште е општина која е атрактивна и блиска локација до центарот на градот, меѓутоа општина која е рурална и во која треба да се инвестира многу за нејзин напредок и промоција. Досега инвестиравме во сериозните проблеми во инфраструктурата, како многу бројните локални патишта кои беа од основно значење на граѓаните. Тука спаѓа и клучниот пат кој се реализира, односно 2/3 веќе е готов, тоа е регионалниот пат кој ја спојува општина Сопиште со Кисела Вода во должина од 12 километри, а веќе 8 од 12 километри се веќе асфалтирани во целост и во следниот период ни останува да се реализираат останатите километри од предвидениот пат“, рече Мицевски.

Истакна и дека ова е еден од проектите кои бил ветен од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски пред граѓаните, а денес може да се види дека тој е и реализиран.

„Исто така, би сакал да напоменам дека во крајна фаза е и регионалниот пат од општина Сопиште преку центар до Сончев град и ова се само дел од проектите кои се реализирани во изминатиот период. Ние никогаш не сме ги делеле проектите по национална или верска основа, а класичен пример за тоа се и многуте реализирани проекти каде што живее албанско население и можам да кажам дека во населените места Чифлик, Барово и Света Петка неодамна се реконструираше локалниот пат, во Чифлик се изградија две мултифункционални игралишта од буџетот на општина Сопиште, а беа подобрени и локалните водоводи“, потенцираше Мицевски.

Додаде и дека СДСМ сака да им наметне етикета дека ВМРО-ДПМНЕ ги дели луѓето по етничка основа.

„Повеќе од пет нови игралишта беа изградени во општината Сопиште, а целосно се реконструираше и спортската сала во основното училиште Драга Стојановска. Исто така се реконструираат и училиштата низ целата општина“, дополни Мицевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.