Мичиген ја легализираше марихуаната

Рекреативната употреба на марихуанта ќе биде легална во американската сојузна држава Мичиген, по прифаќањето на предлогот на новиот закон во рамките на американските избори за Конгресот.

Населението на Мичиген го поддржа предлогот на законот за легализација на марихуаната, една од низата иницијативи за коишто Американците се изјаснуваа во текот на изборите на половината од претседателскиот мандат во вторникот.

Предлог-законот за легализија на марихуаната во Мичиген дозволува реакреативна употреба на марихуаната за сите граѓани повозрасни од 21 година. Законот, исто така, дозволува поседување до 70,8 грама од супстанцијата без ризик од апсење. Новиот закон на консументите им дозволува купување марихуана и производи за јадење збогатени со марихуана, како и одгледување до 12 растенија марихуана во домашни услови. Сојузната држава очекува проход од околу милион долари од продажбата.

Со овој закон Мичиген им се придружи на другите девет сојузни држави во САД и на главниот град Вашингтон во легализирањето на рекреативната употреба на марихуаната. Марихуаната, сепак, е се’ уште илегална според сојузните закони во Соединетите држави.

Гласачите во сојузната држава Северна Дакота, пак, одбија сличен предлог-закон, соопштија тамошните власти. По пребројувањето на гласовите се проценува, дека 60 отсто од избирачите одбиле легализација на рекреативното консумирање на марихуаната. Доколку законот беше прифатен во Сверна Дакот, ќе беше дозволено рекреативно користење на марихуаната, исто така, за лица над 21 година, а на лицата претходно осудени за поседување марихуана би им било избришано досието.