Мицкоски: 14 луѓе загинаа во Тетово и уште се мислат за оставки – лично ви гарантирам дека нема да се смирам додека не излезе вистината

Во вечерашното гостување на ТВ Шења претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека 14 луѓе загинаа во Тетово и уште се мислат за оставки, за овој случај Мицкоси истакна дека лично гарантира дека нема да се смири додека не излезе вистината на виделина.

„Ако очекувате тие луѓе да поднесат оставки, ако очекувате тие луѓе да бидат тргнати јас ви кажувам дека нема да бидат тргнати, затоа што ја видовте онаа преписка на директорите поставени од СДСМ, во таа една група која што излезе во јавноста каде што еден од нив им вели „Ако падне Венко, паѓаме сите“ замислете 14 луѓе живи изгореа и тие видете како размислуваат. Што повеќе вие очекувате од тие луѓе? Кои што патем речено сите положиле Хипократова заклетва. Апсолутно овој случај нема да биде вака затворен како што е сега и ако мислат тие дека вака ја решиле работава како сега јас ви гарантирам дека тоа нема така да биде. Јас лично додека функционирам политички нема да смирам додека вистината не излезе на виделина, и тоа им го ветив на семејството коешто го посетив“, истакна Мицкоски.