Мицкоски: 35 починати и 1.320 нови случаи на корона, ако навремено се почнеше со вакцинација, оваа бројка ќе беше помала, ама провизиите им беа пред здравјето

Црн ден за Македонија, кога се руши нов црн рекорд, ова денеска преку статус на Фејсбук го објавува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-35 починати и 1.320 нови случаи на корона… Ако навремено се почнеше со вакцинација, оваа бројка ќе беше помала. Ама провизиите им беа пред здравјето. И сакаат попис со вакви бројки… Баталете и попис и се друго. Животот на граѓаните е на ивица, на раб, пред амбис.

Оваа влада ќе биде запишана со црни букви во историјата. Како најкриминалната и најнеспособната, потенцира Мицкоски преку статус на Фејсбук.