Мицкоски ја очекува оставката на Заев, во спротивно ќе се гласа недоверба на Владата

Челникот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во петокот вечерта откако во Собранието беше објавено дека е формирано нови парламентарно мнозинство во коешто покрај пратениците на неговата партија влегуваат и пратениците од Левица, Алијанса за Албанците, Алтернатива и досегашниот партиципиент во владата Движењето Беса, истакна дека имаат мнозинство кое гарантира дека оваа Влада, предводена од СДСМ, е мината.

„Ја очекуваме оставката на Зоран Заев која што ја најави, доколку тоа не се случи ќе поднесеме постапка преку која ќе се изгласа недоверба на Влада, која ја предводи Зоран Заев“, истакна Мицкоски.

Мицкоски не сакаше да открие дали ова ново мнозинство ќе значи и формирање на нова Влада или предвремени парламентарни избори. Рече дека и двете опции се во игра.

„Сите опции се во игра. И на таа прес-конференција јас споменав дека имаме две опции. Едната опција е да се окрупни опозицијата и да има ново мнозинство коешто ќе изгласа недоверба на Владата доколку, повторно ќе кажам – тактизира Зоран Заев со оставката. И второто е да одиме на брзи предвремени парламентарни избори. Така што, и двете опции се во игра“, рече Мицкоски.

„Мнозинство коешто ќе гарантира дека оваа влада предводена од СДСМ ќе е минато. Ја очекуваме оставката на Заев која ја најави доколку тоа не се случи ќе поднесеме недоверба на Владата. Очекуваме да ја поднесе оставката„, рече Мицкоски.

Очекува Заев да ја поднесе најавената оставака, а за сите детали јавноста ќе биде дополнително информирана.

„Затоа и беше оваа средба денеска за да излеземе пред јавноста дека постои мнозиснтво во Парламентот, кое доколку Заев не ја поднесе оставката ќе и изгласа недоверба на неговата Влада„, рече Мицкоски посочувајќи дека ако ја достави Заев утре оставката понатаму има законски, процедурални рокови и уставни одредби во кои што има дестина дена претседателот на државата да го даде мандатот, а потоа 20 дена преговори.

Очекувам, истакна, во периодов што следи да се обидеме да создадеме ново владино мнозинство. Како што рече, сите опции се во игра.

„Едната опција е да се формира ново мнозинство коешто ќе изгласа недоверба на Владата, доколку Заев тактизира со оставката, и втората е да одиме на брзи и предвремени парламентарни избори, рече Мицкоски.

Најави дека поединостите ќе бидат соопштени на прес-конференција во сабота

„Ова е мнозинство со коешто се гаранитра дека оваа влада предводена од СДСМ и Зоран Заев е минато. За се останато треба да седнеме, разговараме за програмски определби, за иднината, за стратегијата понатаму, но во текот на утрешниот ден ќе имаме прес-конференција и ќе кажеме малку повеќе“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

На прашањето кој победи на Локалните избори и дали се потребни избори или нова стабила власт, повтори дека има две опции.

„Едната опција е ново парламентарно мнозинство коешто ќе избере политичка влада, која што ќе продолжи со реформскиот процес, со борбата против криминалот и корупцијата  која што претставува основен проблем во Македонија, влада којашто ќе имплементира реформи  во здравството и во образованието, влада којашто ќе ја однесе нашата држава, а тоа е местото во рамки на ЕУ, и втората опција е доколку не успееме нормално да формираме такво мнозинство да одиме на брзи парламентарни избори“, рече Мицкоски.

Претходно во петокот вечерта лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи објави дека е формирано ново парламентарно мнозинство, споделувајќи заедничка фотографии од лидерот на Левица, Димитар Апасиев, генералниот секретар на Беса Арјанит Хоџа, претседателот на Алтернатива, Африм Гаши и генералниот секратар на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари