Мицкоски: Аферата со фалсификуваните пасоши за балканските нарко-босови ја отсликува ситуација во земјата

Станува збор за афера од невидени размери и овој случај ја отсликува реалната состојба во Македонија во однос на криминалот и разрушениот безбедносен систем рече во вечерашното издание на емисија „Заспиј ако можеш” на ТВ Алфа гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој се осврна на моменталната политичка ситуација, лошите владини мерки, како и за последните случувања со пасошите кои биле издавани на мафијаши, убијци и наркобосови.

„(Вицеприемиерот за борба со корпуцијата и криминалот Љупчо) Николовски ја манипулираше јавноста дека се бори против криминалот и корупцијата со тоа што заплени путер со поминат рок. Замислете, ова било голем криминал. Зошто Николовски не кажа ништо за овие 200 пасоши издадени на криминалци, убијци и наркобосови?”, додаде Мицкоски.

„Власта секојдневно тоне и гази во жива кал. ВМРО-ДПМНЕ секојдневно открива скандали и матни случаи поврзани со власта, која таа иако сака да ги сокрие, сепак излегуваат на виделина“, истакна Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со објавување на вакви случаи, за јавноста да има јасна слика кој ја води државата цели пет години, додаде Мицкоски.

Аферата со пасошите е голем срам и непоправлива штета е за Македонија. Се ујдисале со криминалци и цела јавност се смее, изјави лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ.

„Ако го читате исказот на Јован Вукотиќ кога бил испрашуван во Србија, ќе каже дека имал регуларна патна исправа издадена од Македонија. Луѓе ги добиле со украден идентитет. Еве, на пример, Седат Пекер , протеран е, за потоа да се појави кај нас и да земе документи. Заев пред неколку недели кога беше приведувањето на (Сашо) Мијалков, рече дека бил запознаен со сѐ, а сега со ова не бил целосно запознаен“, истакна Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека оваа афера претствува „голем срам и непоправлива штета“ е за Македонија.

„Покрај тоа што се неспособни и се ујдисале со криминалци и цела јавност им се смее. Зошто овие луѓе немаат такви пасоши од Албанија или Хрватска, Србија или Бугарија. Седам и се мислев што толку им згреши македонскиот народ, за да нанесат такво зло. Ние сме во ек на најголемата афера во последните десет години. Каде е министерот за корупција Николовски, да излезе и да каже својот став. Ќе водат што ќе значи бескомпромисна борба со криминалот кога ќе се симнат на власт“, заклучи Мицкоски