Мицкоски: Ако е точно дека Заев применувал удбашки методи, тоа е страшно

Не би скал да верувам дека тоа што го сведочеше Бојан Јовановски е вистина. Но, доколку е вистина, тоа треба да го истражат органите. Ако е точно, нека суди јавноста и тоа е страшно. Свесно човекот што треба да биде авангарда и да ја води оваа држава кон прогрес, да применува удбашки методи, тоа навистина го остава човек без секаков коментар – рече Христијан Мицкоски, за тврдењето на Јовановски дека Зоран Милевски Кичеец бил пратен од власта како агент да снима разговори меѓу кои со него и со Катица Јанева.

Мицкоски ја критикуваше обвинителката Вилма Русковска, која требала веднаш да покрене истрага по допрен глас по сведочењето на Јовановски, и затоа, додаде тој, опозицијата и граѓаните немаат доверба во обвинителството што таа го води ниту пак во правосудниот систем.

На прашањето што ќе прави неговата партија ако СДСМ и ДУИ се одлучат за избори на 5 јули, Мицкоски рече „секоја чест ако тие решат да одат на избори кога броиме десетици заболени и неколкумина починати дневно и оти нема што да додаде ниту да одземе на тоа прашање“.

Посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е секогаш за компромис и за разговор и оти им стојат на располагање на СДСМ и на ДУИ, доколку, како што кажа „ценат дека им е потребен ставот на ВМРО-ДПМНЕ околу новонастанатата ситуација“.

Мицкоски потврди дека имало меѓупартиска комуникација за договор за датум за парламентарните избори, но дека таа прекинала по зголемувањето на бројот на заболените од ковид-19 во земјата, во петокот.