Мицкоски: Ако има избори ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, и ќе формира нова влада

Христијан Мицкоски на Топ Тема вечерва истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следните избори и дека победата е извесна.

Јас сум убеден дека победуваме, формираме влада и тогаш вистински Македонија ќе биде пред вратата на ЕУ, вели Мицкоски.

Тој вели дека не верува дека има ќе има некаков пост изборен инженеринг, и тешко ќе се дозволи да има калкулации врз победата на ВМРО-ДПМНЕ која што е ќе биде извесна на следните избори.

Доколку има такви избори, но не верувам затоа што имаме работа со луѓе кои што не секогаш стојат на зборот и најчесто не ја кажуваат вистината, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.