Мицкоски: Ако нашето членство во ЕУ е геостратешко прашање, тогаш нека ја убедат Бугарија да не ја игнорира реалноста, двојните критериуми највеќе се применуваат врз Македонија

Многу е важно кога испраќате порака во јавност да биде таа јасна и на што се темели. Кога зборувавме за бугарскиот диктатот уште на почеток кажавме, дека една тема е вклучување на Бугари во Уставот, втора тема е дали тоа е последна отстапка и трета е диктатот кој ни се наметнува, и четврто од целата таа операција ВМРО-ДПМНЕ беше исклучен. Ако ВМРО-ДПМНЕ беше во тој процес од сам почеток тогаш ќе им беше јасно дека овој француски предлог е неприфатлив, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Република.

Тој нагласи дека Владата си додели ингеренции кои не и припаѓаат, од името на две третини пратеници прифати нешто за кое нема бројка да го изгласа и тука се направи клучната грешка, како и тоа дека ЕУ не треба да ја игнорира реалноста за Бугарија и пресудите од Стразбур.

-Кога ќе ни кажат дека тоа е реалност ние сме свесни дека друг прифатил нешто што не може да го испорача и го искомплицирал целиот процес. Нели се реалност 14 пресуди на Судот за човекови права во Стразбур? Ама исто таа реалност ја игнорираат од страна на нашиот источен сосед, а има задолжителни пресуди кои мора да ги спроведе бидејќи е потписник на Конвенцијата за заштита на човекови права, рече Мицкоски.

Мицкоски вели дека додека нас ни викаат да не игнорираме реалност, на Бугарија и го дозволуваат тоа.

-Како ние да веруваме дека утре нема да ни се случи некое друго вето за банална ситница.  Од нас бараат да не ја игнорираме реалноста, а од друга страна ја толерираат најкорумпираната и најсиромашна земја членка на ЕУ која ја игнорира реалноста и одлуките на европска институција. Бугарија без користење на фондовите на ЕУ не може да преживее ниту еден квартал. Никој не може да ме убеди дека ако може да бидат во одредена намалени или редуцирани за Унгарија и Полска за многу поневажни работи, тогаш за Бугарија може да ја убедат да не ја игнорира реалност ги исполни пресудите, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека сакаме да видиме дека и тие не ја игнорираат реалноста.

-Двојните стандарди кон Македонија изминативе 23 години откако почна овој процес можеби биле аплицирани најмногу. Имаме билатерални договори во преговарачка рамка, промена на уставно име насилен начин, промена на знаме, промена на Устав за територијална распределба и многу други примери. Идната влада предводена влада од ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да разговара но да се темели на европски принципи и вредности, потенцираше Мицкоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.