Мицкоски: Ако навистина ги прифатевне уставните измиени, СДСМ ќе славеше а не да одржува состаноци за да го информира членството дека ја губат власта

Доколку навистина им ги прифативме тие уставни измени како што лажат, ќе славеа и ќе ставеа точка на дневен ред во Собранието за уставни измени, наместо ова тие денес држат состанок за тоа како да му кажат на членството дека ја губат власта, изјави во петокот претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната трибина во Охрид насловена „Политики за силна култура и развиен туризам”.

„Тргнете ги на страна оние еуфорични соопштенија на СДС, оние вештачки гушкања на темата уставни измени и изнасилени радости на партијата на власт која панично ја шират лагата дека ВМРО-ДПМН наводно им ги прифатила уставните измени кои се последица на бугарскиот диктат. Сосема свесно ги оставив да го дуваат балонот, затоа што веднаш зад аголот се гледа дека ја промашија работата и како меур од сапунуца им се распрсна оваа лага”, рече Мицкоски.

Додаде дека ако навистина ВМРО-ДПМНЕ ги прифатела уставните измени тогаш власта ќе славела.

„Ако навистина им ги прифативме тие уставни измени како што сега тврдат во средата ќе отвореа шампанско и ќе славеа, а во четвртокот ќе ставеа точка на дневен ред во Собранието за уставни измени. И наместо сето ова тие денеска држат состанок за тоа како да му кажат на членството дека ја губат власта”, дециден е Мицкоски.

Потенцираше дека сосема видливо е дека немаат мнозинство за уставни измени кои ги туркаат под бугарски диктат и дека цела година лажеа дека ќе обезбедат пратеници, па кодошеа по светот и пред амбасадори каде ги молеа да превземат чекори и направат притисок, но се им падна во вода.