Мицкоски: Ако Заев се откаже од Гоце Делчев и јазикот, идната влада на ВМРО нема да ја почитува таквата одлука и ќе ја поништи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во денешното обраќање по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба го кажа својот јасен, концизен и прецизен став во врска со Гоце Делчев.

„Доколку навистина биде прифатено од страна на оваа политичка мафија предводена од Зоран Заев дека Гоце Делчев во регионална смисла бил Македонец бидејќи бил роден на географската територија Македонија, а по националност бил бугарин, нашиот мајчин македонски јазик е лингвистичка форма на бугарскиот тоа ќе значи целосно асимилирање на македонската нација, удар во темелите на македонската нација и современата македонската држава и дополнително понижување. И одма да кажам дека ако оваа мафија на чело со Заев донесе таква одлука следната влада на ВМРО-ДПМНЕ, истата таа одлука веднаш ќе ја поништи и никогаш понатаму нема да ја почитува. Нека остане кажано и запишано, да не биде потоа не сме кажале и не сме предупредиле“, нагласи Мицкоски.