Мицкоски: Јанша ми кажа за нонпејперот дека е измислена комуњарска работа

27

Она што мене ми беше кажано во однос на Македонија и регионот е дека интерес на Словенија од прв момент па до денеска е да го види регионот во обединета Европа, и многу внимателно треба да се однесуваме со ова прашање бидејќи кога знаеме дека за два месеци господинот Јанша ќе го преземе претседателствувањето со ЕУ, Словенија е следна по Португалија, и тоа е клучен период, рече Христијан Мицкоски вечерва во интервју во Клан телевизија.

Мицкоски вели дека на Македонија и е потребна интеграција, ние треба да го искористиме периодот на претседателствувањето на Словенија, затоа што можеби ќе немаме подобра шанса да направиме напредок.

– Таков нонпејпер лично Јанша ми кажа дека не постои и ќе цитирам „тоа е комуњарска пропаганда“, за ова тема тука би застанал и мислам дека нема потреба понатаму да навлегуваме, посочи тој.

Мицкоски вели дека истите кои не убедуваа дека имаме имотен лист, сега не плашат и ни велат дека постои опција за поделби.

– Ние нема да прифатиме такво нешто овие 25 илјади квадратни километри си се наши и треба да си ги чуваме, колку повеќе заедно работиме без оглед на нашите различности толку помалку ќе можат ваквите пропаганди од надвор да влијаат на нас, истакна Мицкоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.