Мицкоски: Јанша негира дека е автор на документ за промена на границите, но спомна за некаков сличен документ разговара Заев

Денеска разговарав со премиерот на Словенија, Јанез Јанша бидејќи сме ете и пријатели, но ми кажа дека европататениците Тања Фајон и Тонино Пицула и македонскиот премеир Зоран Заев креирале сличен таков нон пејпер кој што се шири по Европа, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ при гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

Мицкоски додаде дека можеби тој документ ќе биде познат на граѓаните на Македонија во многу скоро време.

„А Јанша ја пренесува својата неизмерна поддршка кон македонскиот народ, граѓаните на Македонија, кон Македонија и единствено иднината на Македонија ја гледа во рамките на обединета Европа“, појасни Мицкоски.

Мицкоски посочи дека Јанша иднината на Македонија ја гледа кон обединета Европа и да не се заборави дека токму тој за два месеци од денеска ќе претседава со ЕУ и ќе биде многу битен фактор.

„Јанша апсолутно го одбива документот. Тој вели дека не постои таков документ. Вели дека ниту сум кажал, ниту пак ме интересира, пренеси им те молам, моите поздрави, мојата поддршка неизмерна кон македонскиот народ, Македонија и јас иднината на Македонија не ја гледма во вакви квази сценарија создадени во комуњарски поранешни тинк тенкови, туку ја гледам исклучиво во обединета Европа“, рече Мицкоски.

Укажа дека иднината на Македонија не е во прекројување на градиници туку само во обединета Европа.