Оваа анти-бизнис и анти-економска политика на Владата предводена од Зоран Заев ја турка Македонија назад. Ние како опозиција за вистинските намери, но и за намерите на Заев во периодот кој што претстои да издаде уште една државна обрзница за да може да ги финансира авантуристичките политики ќе ги информираме сите меѓународни претставници, политички, но и финансиски, дека на следните парламентарни избори доаѓа до промена во Владата, победува ВМРО-ДПМНЕ.
Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција, кој апелираше на разум и вистинско водење на касата која што треба да се занимава со развој на државата, а не корупција и скандали кои се дел од секојдневието на Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи Владата на Република Македонија и авантуристичките потези на Зоран Заев и Владата која тој ја предводи нема да ги толерираме и можеби ќе биде доведено под знак прашање нивното сервисирање. Доаѓа обнова, рече Мицкоски.