11.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Мицкоски: Апсењето на лидер на опозициска партија еден месец пред изборите е паника на заевизмот

Тоа што досега нема ниту една акција против криминал за било кој човек од оваа власт, а сепак ние остануваме држава заробена во корупција на дното во Европа покажува дека е криминална и варварска власта, посочува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил објави статус во врска со апсењето на поранешниот градоначалник на општина Карпош Стевче Јакимовски.

-Апсењето на лидер на опозициска партија на еден месец пред гласањето на претседателските избори не е ништо друго освен чин на брутален политички притисок и израз на огромен страв и паника на Заевизмот кој губи.

Тоа што досега нема ниту една акција против криминал за било кој човек од оваа власт, а сепак ние остануваме држава заробена во корупција на дното во Европа покажува дека е криминална и варварска власта.

Очигледно кампањата на Заевизмот се апсења, но во исто време тоа покажува и дека Заев драматично губи кај народот.

Нема веќе страв. Не можете вие толку да уапсите колку што ние ќе ве победиме.

Доаѓа правда за сите, стои во неговиот Фејсбук статус.