Мицкоски: Јазикот е како генот, ќе опстои ако се негува!

Јазикот е како генот, ќе опстои ако се негува.
Климент Охридски им велел на своите ученици: ,,Чувајте го ова што ви го давам! И запомнете – ви го давам за вие понатаму да го давате на народот. И да го браните од туѓинци. А, најубаво ќе го одбраните кога нема да посегате по туѓото, зашто тој што се лакоми по туѓото, го губи и своето!”
Да не заборавиме и на аманетот на Конески, дека „Јазикот е нашата единствена татковина“. Но и на големиот Петре М. Андреевски: ,,Без јазикот ќе си недостигаме самите на себе, оти само јазикот никогаш не нè оставил сами и тој памети многу повеќе отколку што ние можеме да заборавиме.”
Во чест на Денот на македонскиот јазик, напиша на Фејсбук, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мцкоски.