Мицкоски бара в понеделник да почне постапка за распуштање на Парламентот

Претседателот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната прес конференција уште еднаш побара предвремени парламентарни избори. Тој повика в понеделник да се распушти Собранието и заедно со претседателските да се одржат и парлалментарни избори.

Тој реагираше на прес конференцијата на премиерот Заев,на која тој рече дека анкетите покажуваат предност на власта. Мицкоски најави победа на ВМРО ДПМНЕ.

Вчерашната одлука на Собранието за усвјување на уставните измени за импплементација на Договорот со Грција, Мицкоски уште еднаш ја нарече погазување на волјата на граѓаните.

Само Зоран Заев може да се гордее што го променил името на својата држава. Само Заев може да се гордее на притисоци и закани и непринципиелни пазарања со кои ја погази јавно изразената волја на граѓаните на референдумите од 1991 и 2018. Заев денеска и пред време ја приеменува сопствената татковина на се уште нестапен во сила договор, рече Мицкоски.

Тој, обраќајќи му се на премиерот Заев како реакција на неговата прес конференција претходно, рече дека она што Заев и Владата го направиле е предвство и кариеризам.

Оваа влада беше за едно прашање и тоа го решивте кататсрофално преку промена на името, иденитетот, јазикот, истоијата, културата, образованието, промена на се што е македонско и овој рок и оваа задача сега завршува. Токму затоа оваа влада која ја предводиш ти толку силно ќе падне, што тешко дали нешто ќе остане од СДСМ. ВМРО ДПМНЕ ќе направи се што е во негова моќ да ја исправи во иднина оваа неправда. Останува запишано дека 81 човек го променија името и идентитетот, а не народот и не граѓаните на оваа држава, рече Мицкоски на прес конференцијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.