Мицкоски цел на напад од лажни вести

76

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е на удар на лажни вести. Изјавата на Христијан Мицкоски се извртува и се пренесува дека го признал договорот.

За ова, реагираше и претседателот на опозицијата.

-Нашиот став е познат, тој е непроменет, многу пати повторен во минатото и како политичка партија, како ВМРО-ДПМНЕ, она што беше моја изјава којашто ја рефлектирав вчера беше дека ВМРО-ДПМНЕ и јас лично подржувам се што е добро и за Македонија и за Бугарија, имавме контруктивна средба со господинот Борисов, разговаравме за изградба на автопатишта, железничка пруга, железничко поврзување помеѓу двете земји. Разговаравме за енергетско поврзување, продлабочување на научната соработка помеѓу универзитетите од двете држави, разговараме за побрзо интензивирање и отварање на граничниот прекин „Клепало“. И сето она коешто значи добро и за граѓаните на Македонија и за граѓаните на Бугарија, истакна Мицкоски на прашањето: Синоќа ја завршивте овде средбата во арена Загреб, тет а тет средба со господинот Бојко Борисов, излезе едно видео тој го објави лично на неговиот профил на социјалната мрежа, а се однесува на договорот кој Македонија го има потпишано со Бугарија. Кој е вашиот став за договорот, бидејќи многу информации?

-Истовремено на средбата стана збор и за онаа Резолуција којашто се однесува на негирање на посебноста на македонскиот јазик, ликот и делото на Гоце Делчев и тоа не е добро и тоа не можам да го подржам и никогаш нема да го подржам, македонскиот јазик е кодофициран и меѓународно признат 1977 година, тука немаме дилеми ниту пак јас, ниту пак ВМРО-ДПМНЕ. Така што она што е добро коешто ги поврзува македонските граѓани и граѓаните на Бугарија го подржуваме, она што е спротивно на интересите на македонските граѓани, Македонија ние не можеме да го подржиме, како што е прашањето поврзано со македонскиот јазик, ликот и делото на Гоце Делчев итн. Но, забележлива е нервозата кај владата во заминување, кај премиерот во заминување господинот Заев па потрчаа оние скапо платени пи-ар пера да ја искриват вистината и практично лажни вести да рефлектираат во македонската јавност: Она кое што е важно е дека и оваа лажна вест им се распрсна како меур од сапуница. Тие нека продолжат да измислуваат лажни вести, а ние ќе продолжиме да работиме, рече Мицкоски.

Ова не е првпат лидерот на опозицијата да биде мета на лажни вести.

Во продолжение само дел од лажните вести за Мицкоски во минатото.

МИЦКОСКИ РЕАГИРА НА ЛАЖНА ВЕСТ: Власта на Заев во паника посветена е само на ЛАГИТЕ

-Иако дното со Заев и оваа власт во заминување е одамна пробиено, сепак вредно е да се напомене дека во овие моменти на изразена паника кај власта од претстојниот пораз ширењето на лажни вести е веројатно единственото на кое оваа власт е посветена. Наместо да решаваат проблеми, тие се посветени на крадење и ширење лажни вести, реагираше на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на 3 ноември.

Тој истакна дека власта во немоќ да решава суштински прашања за граѓаните креира лажни вести.

-И кога не би биле лажните вести кои тие ги креираат како што е оваа, ќе требаше да се збори за посуштински прашања за граѓаните, како на пример тоа што Заев направи грабеж на бизнис секторот со прогресивниот данок, и сега привремено ја стопира оваа штетна мерка, тоа што го пуштија да избега убиецот на Нешкоски, за сомнежите за криминал и рекет, за бегањето од избори и мал милион скандали на оваа арамиска власт. И додека разно-разни советничиња на премиерот имаат усти полни со демагогија за лажните вести, тие во позадина се нивните главни креатори. Паѓаат во вода сите нивни квази стратегии платени со народни пари. Нивното препелкање е нивната нервоза затоа што ја немаат поддршката од народот. Но ваквите нивни потези мене не ме вознемируваат, напротив ме мотивираат да продолжам во правилната насока. Сакам да им порачам, додека ги трошат жолтиците од рекетот, цинично се смеат и меѓусебно се храбрат дека еве го изнервираме реагираше, јас уште посилно ќе продолжам да се борам се додека со народот конечно не ги поразиме и пратиме во политичка пензија, но потоа ќе следи одговорност. Не ја навредувајте интелегенцијата на народот, вели Мицкоски.

Тој додадава дека власта молела и коленичела за фер однесување, но уште еднаш покажаале дека занив не постојат ниту принципи ниту збор и им порачува да се подготват за кошмарот кој сами го креираат, бидејќи народот ја сака вистината.

Во прилог лажната вест поврзана со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој наводно земал 1,6 милиони евра од руски дипломати, за која се појавија и докази дека е невистинита.

Лажната вест јасно се гледа дека е сечена од една друга вест објавена во руски медиум во октомври годинава поврзана со корупциски скандал на рускиот министер за внатрешни работи.

Според споредбата на двете вести овде станува збор единствено само за вметнување на податоците на Мицкоски, додека бројките се исти, што е јасен доказ за фабрикувана лажна вест.

Димитровски: Гледам кампања на лажни вести против Мицкоски

На емисијата „Отворено“ на 24 Телевизија новинарот и главен уредник на „Фокус“ Зоран Димитровски, на 5 ноември, истакна дека гледа една кампања на лажни вести против Христијан Мицкоски од страна на власта.

-Она што гледам во јавноста што се случува гледам една кампања на лажни вести против Мицкоски, дека во Будимпешта во некаков стан добил милион и шесто илјади евра руски, дека го следат, тие знаат дека тој ќе се гледа со рускиот амбасадор, па камери го следат, па новинари му трчаат па го прашуваат, па што сега вие барате, вели Димитровски.

Тој исто така вели дека е нелогично руски амбасадор, да не може да има средба со политичари затоа што Заев исто така се гледа со рускиот амбасадор.

-Како што знам дека македонската влада колку што имам информации наскоро ќе треба со економските министри од руската влада да направат и заедничка седница, во тек се договорите, вели Димитровски.

Тој посочи дека се обидуваат да ја залепат руската етикета на другата страна за да биде тоа трендовски, дека ВМРО-ДПМНЕ е партијата која што ќе ве врати назад во некое мрачно минато, во некое „путиновска енклава“ да стане Македонија, а владата е таа која што ќе одела напред кон Европската унија.

-Мислам дека тоа е елитистичка кампања не е популистичка, затоа што би била популистичка ако мнозинството Македонци или мнозинството граѓани се навистина антируски расположени.

Да се лепи некому руската етикета мисли дека не е многу популарно, затоа што е котрапродуктивно, односно оние гласачи коишто се радикални во партијата секако ќе му ја дадат довербата на Мицкоски, вели Димитровски.

Заев повторно излажа пред македонската јавност: На регистарските таблички на автомобилот на Мицкоски стои „МК“ (ФОТО)

Зоран Заев уште еднаш ја излaжa македонската јавност, имено во текот на дyeл Зоран Заев го обвини лидерот на опозицијата дека иако декларативно не го прифаќа новото име на државата, а ги променил регистарски таблички на својот автомобил на кои стоела кратенката МК со нови на кои пишува НМК, пренесе Инфомакс на 27 март.

-Ќе се овозможи Република „С” Македонија да стане членка на НАТО и на ЕУ и тоа треба чесно да се одговори, став е, со Договорот од Грција и притоа треба да се одговори ќе го менувате, ќе го поништите, нема да го почитувате, Уставот нема да го почитувате или слично, а притоа гледам дека регистарската табличка од колата ја ставивте тука НМК, вели Заев.

Редакцијата на „Инфомакс“ обезбеди фотографија од регистарските таблички на автомобилот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на кои јасно се гледа дека на нив се уште стои старата кратенка МК. Со ова добивме уште една потврда дека Зоран Заев вчера нoтopно ја лaжeшe македонската јавност.

„ДКСК потврди дека СДСМ и Зоран Заев со месеци ја лажеа јавноста кога го клеветеа Христијан Мицкоски“

Зоран Заев лажел и заедно со неговите мегафони ширеле лажни вести кога измислуваа судир на интереси при изградба на мали хидроцентрали во кои Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски имал удел во минатото. ДКСК вчера со едногласна одлука потврди дека немало судир на интереси и дека концесиите за изградба се добиени уште пред Христијан Мицкоски да стане советник во владата, информираа од ВМРО-ДПМНЕ на 16 ноември и додадоа:

„ДКСК потврди дека СДСМ и Зоран Заев со месеци ја лажеа јавноста кога го клеветеа Христијан Мицкоски. Заев свесно лажеше и ја манипулираше јавноста во обид да го прикрие сопствениот криминал. Зоран Заев е криминоген лик кој мисли дека сите се криминогени како него. Тој е единствен премиер во Европа неколкукратно аболициран за криминал.“

-За разлика од Заев, Мицкоски е чесен политичар, со принципи и вредности. Тие две крајности ќе се соочат на 12 април, кога граѓаните ќе имаат можност да бираат помеѓу криминогениот измамник Заев со политиката ,, евро за Вицето, евро за црквата ” и политиките за обнова на Македонија кои имаат за цел Македонија да ја стават на брза трака кон ЕУ и општ економски напредок, потенцираа од ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.