Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, упати честитки до медицинскиот тим кој за првпат во Македонија изврши трансплантација на срце.
„Честитки до целокупниот тим на доктори и медицински лица кои ја направија првата трансплантацијата на срце. Воедно и како општество должиме благодарност до донорското семејство за одлуката. Ангажманот, посветеноста и стручноста на тимот доктори влева огромна надеж дека може да биде подобро и е одличен пример дека Македонија во овие тешки времиња има успешни приказни. Секој живот вреди, а вие денес спасувате животи. Честитки“, напиша Мицкоски на својот Фејсбук профил.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.