Мицкоски: Да бидеме обединети и силни на страна на интересите на Македонија! Денес се извојува важен ден за нашата МПЦ-ОА

Црквата е еден од важните столбови на кои се темели нашето идентитетско распознавање! Силна и интегрирана Црква е прилог кон стабилноста и долговечноста на нашата Македонија! Сме се соочувале со бури и ветришта, но секогаш кога сме биле обединети помеѓу себе, заедно со народот, секогаш кога сме се бореле заедно, сме победувале и сме надминувале сѐ! Така е и денес кога се извојува важна победа за нашата МПЦ-ОА, стои во Фејсбук објавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој посака да е за многу години и за слава на народот, граѓаните и Македонија денешната заедничка историска литургија на поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан со Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј, во седиштето на Вселенската Патријаршија.

– Да бидеме обединети и силни на страна на интересите на Македонија! На многаја лета, додава Мицкоски.