Мицкоски: Да ги оставиме национал-романтичните теми за Заев, треба да се решаваат проблемите на граѓаните

Национал-романтичарските тези треба да се остават на Зоран Заев, она што треба е да се решаваат проблемите на граѓаните, рече опозицискиот челник Христијан Мицкоски во разговорот на телевизијата ТВ Клан

Тие има програма За живот. Што направија тие од тоа што го ветуваат? Да ве потсетам што направи ВМРО-ДПМНЕ. Се направи модерен Ургентен центар, се направи жичницата на Шапка. Новата зграда на Универзитетот во Тетово. ВМРО-ДПМНЕ имаше реални проекти кои ги реализираше, рече Мицкоски.

Посети на на настаните на Бит пазар, во Тетово и рече дека тогаш не беше на власт на ВМРО-ДПМНЕ.

Да не зборуваме за тоа. Jас само барам владеење на право и правда, посочи Мицкоски.
.