Мицкоски: Да покажеме „ кичма“ што тие сакаат да ја немаме

Да покажеме „кичма“ којашто тие сакаат да ја немаме, против секоја неправда сторена од актуелната власт на СДСМ, порача во вторникот во видео порака лидерот на ВМРО-ДПМН, Христијан Мицкоски.

Опозицискиот челник оценува во објавата на социјалните мрежи дека „само слабите не се осудуваат да бидат праведни“, како и дека актуелната влас секојнднево покажува дека е сѐ послаба, а оттаму и „сѐ понеправедна.“

„Неправдата било каде е закана за правдата секаде. Се поставува прашањето: што е неправда? Неправда е кога Премиерот ќе каже дека имало амнестија, поради пазар, односно само поради тоа што требало да се обезбеди 2/3 мнозинство за договорот со кој државата го менува името?“, пишува Мицсиски.

Посочува дека неправда е и кога мнозинството на народот ќе се изјасни против како на референдумот за промената на уставното име на Македонаја, сепак ќе биде сменето името на државата и идентитетот нацијата.

„Голема неправда е кога родителите на четири деца од Смилковско езеро сѐ уште тажат и бараат правда за убијците на своите чеда, кои остануваат неказнети, а Зоран Заев им ветуваше дека кога-тогаш, кога ќе има можност вистинските сторители ќе ги изведе пред лицето на правдината. Неправда е и додека други родители на патриоти тажат за 211-те години затвор за случајот со 27-ми април“, порачува Мицкоски.

„Неправда е кога синот на Ченто, исто како трите чеда на Ангелов и другите притворени ќе треба 15 години да растат без своите родители, додека оваа власт претходно направи широка амнестија на над 1000 осудени криминалци.

Неправда е и кога ќе се загуби живот во болница поради недостаток на кревет или недостаток на лекарства.

Неправда и кога за болните ќе немаат лекови на квота после 10-ти во месецот.

Неправда е што македонските лекари земаат плата многу помала од ветената, исто како и  наставниците и професорите, и тие  немаат поголема плата, односно ја немаат онаа која што им ја ветуваше Зоран Заев,  слична е и ситуацијата кај пензионерите, пензиите им се кратат наместо да растат.

Неправда се и криминалните бизниси, тендерите во 4 очи и корупцијата која немилосрдно расте.

Неправда е и непотизмот, и незаслуженото вработување на роднини на функционери, позади кои стои по еден млад човек кој не го добил тоа работно место, не затоа што е неспособен туку затоа што не е нечив роднина, односно не е роднина на луѓето од власт.

Неправда е и неплатената мака на земјоделците.

Најголема неправда е потрошениот талент и уништениот живот од Заевизмот.

Нашите животи ја губат смислата тогаш кога наместо да зборуваме ќе замолчиме пред неправдите, затоа ние денес сме гласни повеќе од кога било порано, повеќе пред секоја  една неправда, зошто само така ќе ја победиме. Поместувањето на планината започнува со малите камења, а овој процес е одамна почнат. Затоа сега е време да ги казниме, да ги промениме работите.  Да покажеме кичма и карактер, која тие сакаат да ја немаме, против секоја твоја, наша и заедничка неправда донесена од оваа власт. Да бидеме гласни, и да победиме, да ја донесеме правдата, да се избориме за нашите правдини, да победиме за Македонија. Да победиме за нашата Македонија“, потенцира Мицкоски.