Мицкоски: Да создадеме општество кое ќе води грижа за лицата со попреченост – државата не прави доволно!

Денес е 3-ти декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост. Да покажеме внимание и посветеност на луѓето кои го заслужуваат тоа, порачува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Да создадеме општество кое ќе води грижа за лицата со попреченост затоа што ние сите имаме должност да помагаме, создаваме хумана средина и да дадеме шанса. Државата не прави доволно, но сите ние мораме тоа да го промениме и да направиме многу повеќе“ – истакна  тој.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.