Мицкоски: Дали куферите со пари од милионскиот криминал завршувале на Бихаќка за изборите

50

Дали куферите со пари од милионскиот криминал со Меѓународниот сојуз завршувале на Бихаќка за финансирање на кампањата за изборите, праша  лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва се обрати на свечен настан по повод 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија во организација на Унијата на жени ОК Гази Баба на ВМРО-ДПМНЕ.

„8 Септември“ е и на комитите, и на партизаните, на мудрите луѓе на ВМРО, но и на СДСМ, оние кои веруваат во Македонија и се колнат во ова парче земја. 8 Септември е на Македонија. Тоа не треба никој да го заборави, без разлика од која политичка партија доаѓа. Сите вие и должите се што сте постигнале во вашите животи на ова парче земја што се вика Република Македонија“, рече Мицкоски во обраќањето.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.