Мицкоски: Датумот за преговорите со ЕУ не доаѓаат без работа и резултати

Ова лето нема да има датум за отппочнување на пристапните преговори со Европската унија, зашто за тоа е потребно да се работи, а ВМРО-ДПМНЕ го нуди целиот свој потенцијал се нуди да работи со Владата на СДСМ се со цел надминување на сите пречки кои стојат на патот за Република Македонија барем во октомври да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ, рече опозицискиот челник Христијан Мицскоски, во емисијата „Отворено’ на телeвизија Алфа.

Според Мицкоски интересот на граѓаните е пред се и над се, додавајќи дека за влез во Европската унија е потребно работа и успешно спроведени реформи од страна на владата.

Оставете ги тие пиар. Ајде да работиме. Потребно е да се работи,. Овој потенцијал кој што го има Зоран Заев видовме до каде не донесе. Повторно ќе кажам потребна е работа и потребно е да работиме за да може да сработиме за иднината на државата, вели Мицкоски.

Во продолжение опоицискиот лидер оцени дека премиерот Заев се однесува како мало дете, кое кога ќе му ја замеат играчката веднапш никој не му чини.

„Потенцијалот што го има Зоран Заев околу себе видовме до каде нѐ донесе. Повторно ќе кажам потребна е работа и потребно е да работиме за да можеме да сработиме за иднината на државата. Ова не е како мало дете земи му ја играчката и веднаш не чиниш“, појасни Мицкоски.

Мицкоски додаде дека сака да понуди ВМРО-ДПМНЕ да помогне само за доброто на државата да добие датум што поскоро бидејќи и така оваа власт не е способна да сработи сама.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.