9.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Мицкоски ја отвори аферата „Мафија 2“: Над 20.000 лица имаат по најмалку два матични броеви

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на брифинг со новинарите откри нов мега скандал на власта.

Имено, станува збор за нова афера „Мафија 2“, каде што повеќе од 20 илијади граѓани имаат дупликат матични броеви, а во исто време истите ги има на избирачкиот список на повеќе од едно место.

-Според информациите што ги добивме во Македонија постојат над 20.000 лица кои имаат по најмалку два матични броеви. Едно лице со два матични броеви го има двапати во избирачкиот список. Со двоен идентитет лицата можат да ги злоупотребуваат државните институции, банките…., рече Мицкоски.

Според документите што ги презентира Мицкоски, аферата Мафија 2 окрива дека едно лице со два матични броја еднаш се јавува во избирачкиот список со своето вистинско име и со вистинската адреса, а вториот пат регистрирано како друго лице во друга општина.

-Овој криминал се користел за гласање, рече Мицкоски.

Во продолжениее од фотографиите ќе се уверите дека станува збор за голем скандал, со што власта е ставена во мат позиција, затоа што можеби овие лица се користеле за како гласачка машинерија на истата.