Мицкоски денеска на работен состанок во ССК, ќе предложи план за ублажување на последиците од енергетската криза

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска ќе го соопшти прецизниот план за ублажување на последиците од енергетската криза, кој ќе биде предложен на состанокот во Сојузот на стопански комори (ССК). Во фокусот на состанокоѕ ќе биде енергетска криза, состојбите во реалниот сектор и можностите за намалување на негативните ефекти.

Ваквиот чекор доаѓа откако по повеќемесечно апелирање Владата да излезе со прецизен план кој ќе значи обезбедување на доволни количини на евтин гас, мазут, како и топлинска енергија потребна за ТеТо, не покажа никаков план и се задолжува дополнително, додека земјите од регионот веќе ги обезбедуваат потребните количини на енергенси.

Планот на Мицкоски обезбедува доволни количини на енергенси за државата преку заштеда на граѓаните која може да биде и до 300 милиони евра, што ќе значи и зачувување на работни места и спречување на дополнителна инфлација.

-Ова е прв ваков пример во нашата досегашна пракса лидер на опозиција да нуди обемен план за излез и ублажување на последиците од кризата. Денес во 11 часот Мицкоски ќе го образложи својот план пред Сојузот на стопански комори. Потоа ќе следат изјави за медиуми, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.