Мицкоски: Десет прашање на кои Заев и Филипче немаат одговори

Претседателот на најголемата опозициска партија,Христијан Мицкоски на својот официјална Фејсбук страница напиша 10 прашања на кои како што вели тој, Зоран Заев и Филипче немаат одговори.

– Настрана од политиката, настрана од отсуството на морал, кој видовме дека го немаат, прашањата кои секој еден човек ги поставува и се во рамките на здравиот разум се следниве:

  • Како се градени модуларните болници, од каков материјал и на кој начин?
  • Дали министерството за здравство побарало од изведувачот минимум стандарди за градба на модуларните бараки?
  • Колку е платено за нивната изградба и дали тоа соодветствува со добиениот производ?
  • Зошто немало противпожарни апарати и систем за противпожарна заштита?
  • Зошто немало доволно медицински персонал, и каква е таа здравствена заштита во која лекари се роднините на болните?
  • Зошто било плаќано мито за грижа на пациентите?
  • Кој од власта се заканува врз роднините на жртвите од несреќата и ги опоменува што да сведочат?
  • Ако одделот за организиран криминал на обвинителството не води постапка, тогаш кој тоа го прави во обвинителството?
  • Дали ОЈО ја слушна изјавата на премиерот кој призна дека е длабоко инволвиран во истрагата која мора да биде непристрасна и објективна?
  • Што треба дополнително да се случи за да Зоран Заев и Филипче си поднесат оставки и ја ослободат истрагата?

Фотелјите на Зоран Заев и Филипче не се поважни од вистината, пишува во Фејсбук објавата која може да ја погледнете во продолжение: