22.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Мицкоски до Гир: Прв национален приоритет мора да биде борбата против пандемијата Ковид-19

Денес (25 март 2021 година), претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски и секретарот за меѓународна соработка, Тимчо Муцунски остварија средба со амбасадор на ЕУ, Дејвид Гир.

На средбата Мицкоски нагласи дека прв национален приоритет мора да биде борбата против пандемијата КОВИД-19 и преземање на мерки против здравствените и економските последици од истата.

Мицкоски истакна дека за ВМРО-ДПМНЕ стратешки приоритет е полноправното членство во ЕУ, но дека тој пат подразбира конкретни реформи кои примарно мора да се насочат кон реформа на правосудниот систем и борба со корупцијата.

Истовремено, Мицкоски додаде дека негово очекување е дека патот на Македонија кон полноправно членство мора да биде гледано единствено низ призмата на остварувањето на објективните критериуми за членство и во таа смисла тој очекува што поскоро отварање на пристапните преговори.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.