Мицкоски до Лупевска: Проблемот е што наместо да збориме за дебаклот во државата го читате Статутот на ВМРО-ДПМНЕ

Јас не можам да кажам дека ВМРО-ДПМНЕ загуби на едни чесни избори. Но, сега во овој момент она што е клучно во државата е како да ја извадиме од лошата ситуација во која се наоѓа, рече Хиристијан Мицкоски на гостувањето во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

На новинарката Снежана Лупевска која ја водеше емисијата, односно интервјуто со Мицкоски, тој јасно и укажа што е клучно во моментов во државава: „Проблемот е што наместо да збориме за дебаклот во државата вие го читате Статутот на ВМРО-ДПМНЕ“.

За внатрепартиската состојба Мицкоки кажа дека по поддршката што му е дадена од Унијата на млади сили, Унијата на жени, Централниот комитет, од општинските комитети несоодветно и кукавички е да се повлече од лидерската позиција.