Мицкоски до меѓународната заедница: Не бидете заложници на руските интереси удоволувајќи и на Бугарија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски упати порака меѓународната заедница да не бидe заложник на руските интереси, со дозволата за Софија да ги бугаризира Македонците, се наведува во неговата објава на Фејсбук.

„Мојата порака до меѓународната заедница е да не дозволите уште еднаш да бидете заложници на руските интереси удоволувајќи и на Бугарија за повторно да се обиде да го асимилира Македонецот. ВМРО-ДПМНЕ додека јас сум претседател нема никогаш да поддржи ваков бугарски диктат како што сега е ставен во парламентот“, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.