Мицкоски до Ордановски: Ако сте застапник на идејата за правна држава зошто не испитате што во одредена телевизија платите наместо жирално се плаќаат црно на рака?

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во вечерашното негово гостување во емисијата „Печат на неделата“ на телевизија 1ТВ, истакна дека одредени медиуми ги плаќаат своите новинари на нелегален начин, и му постави прашање на Сашо Ордановски како новинар и колумнист дали би ги свикал органите на прогонот да го испитаат овој случај каде што платат на новинарите дел се исплаќа на рака што е нелегално, а дел на жиро сметка.

Вие сте човек застапник за правото и правдината, ги читам вашите колумни. Јас имам информација и знам дека одредени телевизии дел од платата на новинарите ја даваат жирално, а дел на рака. Ќе ги повикаме ли ние органите на редот да го истражат, го праша Мицкоски.