Мицкоски до Саше политико: Кога ќе ја слушнете целата снимка од Рекет ќе треба да се извинувате за многу работи кои сега ги пишувате

На новинарско прашање на новинарот Саше Ивановски во врска со новите снимки пуштени во јавноста, каде се слуша гласот на еден од сведоците во случајот Рекет, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го прашува Ивановски дали е сигурен дека сака да ја слушне целата снимка?

-Дали сте сигурни дека сакате да ја слушнете целата снимка? Ќе треба да се извинувате за многу работи што сте ги напишале. Ќе треба да се извинувате ако слушнете се што има во тие снимки. Многу лошо ќе биде, во тие снимки има многу работи и тогаш е лошо, вели Мицкоски.

Тој додава дека треба да се остави правдата и органите на прогон како и обвинителството да си ја завршат својата работа.

-Оставете ги тие што е можно потивко да си ја завршат работата и да не биде тоа лошо ниту за слушање ниту за гледање. Тие што се огрешиле да си одговараат пред законите. Тука нема ниту заштитени, ниту привилегирани, напротив сега гледаме една политичка каста која што ја води Македонија. Секој оној кој што ќе направи грешка и кога ќе станам премиер ќе сноси одговорност, како и да се вика, завршува Мицкоски.