Мицкоски до власта: Погледнете го својот народ, погледнете ги колоните возила, тоа е вашиот срам

Овие колони возила сза соседна Србија најдобро ја покажуваат бедата и неспособноста на владата и Зоран Заев, вели лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. За Мицкоски ова е доволен знак дека нардото не им верува на властите кога велат дека вакцините во Македонија ќе пристигнат утре.

-Државата постои за да им служи на граѓаните, само кај нас државата постои за да биде крадена од власта.
Македонија живее полоши години од деведесеттите, стигнавме до таа точка народот сам да се снаоѓа и бори за живот, кога веќе тоа не го прави Владата.

Порака до власта: погледнете го својот народ, погледнете ги колоните возила, тоа е вашиот срам.
Ова нема да се заборави, одговорност ќе има, пишува Мицкоски покрепувајќи со фотографии од граничниот премин Табановце.

Од утринава колони возила ја напуштаат Македонија. Камерите на Граничниот премин на Табановце покажуваат километарски колони од автомобили и автобуси со граѓани кои одлучија да се вакцинираат против корона вирусот кај нашиот северен сосед.

Иницијативата за масовно вакцинирање во Белград, но и на други вакцинални пунктови ја покренаа стопанските комори од регионот, па така од вчера, но и во текот на викендот се очекува илјадници граѓани да се вакцинираат.
Медиумите во Србија од утрово известуваат за големи гужви на Белграадскиот саем каде се спроведува масовна вакцинација против ковид-19 на населението.

Денеска и утре имаат термини за вакцинација се државјани од речиси сите земји од Западен Балкан.

Но, освен граѓани кои индивидувално преку електронска пријава на сајтот Е-управа во Србија си обезбедиле термин за вакцинација, викендов во Белград и Ниш се спроведува и организирана вакцинација на бизнисмените и вработените во компании од Македонија, БиХ, Црна Гора, Албанија и Косово.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.