Мицкоски до Заев: Ќе направиме и селфи, ама прво да ги вратиш оние 8,5 милиони евра од Глобал што ги украде заедно со Вице

Граѓаните се соочуваат со големи неправди кои што им ги прави владата на владејачкиот СДСМ и премиерот Зоран Заев, посочи во четвртокот претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со жителите на општина Зрновци.

„Неправда е кога неправда е кога наместо повисоки пензии, се даваат тендери и бизниси на Вицето. Неправда е кога ќе ветите добра бизнис клима а ќе покачите даноци. Неправда е кога ќе излажете дека ќе влезе нова германска инвестиција, а таа ќе инвестира во соседна држава. Неправда е кога младите си одат од земјава, мајките плачат, а Мира Дизел си запослува половина фамилија. Неправда е кога студент со 10 просек си не може ни да се прехрани, ама децата на власта одат на сапи одмори. Неправда е кога имаме криминални иновации наместо вистински иновации и напредок. Неправда е кога ќе велат дека ќе им дадат повисоки субвенции на земјоделците, а тие не може ниту да ги продадат производите“, рече Мицкоски.

Пред присутните ја искоментира и вчерашната изјавата на Заев и побара прво премиерот да ги врати 8.5 милиони евра од трговскиот центар „Глобал“, а потоа и оние „едно евро за Вицето едно евро за црквата“ што ги бараше на видео снимката, па дури тогаш ќе се слика со него, а сѐ до тогаш ќе му остане само да се радува на сликата со Ципрас.

„Вчера го гледам Зоран Заев заедно со оној негов деспотски избран кандидат Стево Пендаровски, во полупразната сала Борис Трајковски како вели еве да не сум се грижел и со мене ќе направел селфи. Еве ќе ја искористам оваа прилика овде во Зрновци пред вас, пред овие домаќини, пред овие дечиња, пред овие домаќинки, пред овие вредни луѓе, честит луѓе да му одговорам на неговата нечестита понуда. Нема проблем ќе направиме и селфи, ама прво да ги вратиш оние 8 ипол милиони евра од Глобал што ги украде заедно со Вице, а потоа ќе му кажеш на Вице сите оние евро за евро што ги зема за него и за црквата да ги врати назад кај граѓаните, па дури потоа јас и ти господине Зоран Заев ќе правиме селфи, а дотогаш ќе ора на телефонот да му се радуваш на селфито со Алексис Ципрас“, кажа Мицкоски.

Побара од граѓаните на 21-април да дадат поддршка на кандидатот за претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, бидејќи само така ќе го исполнат сонот за Македонија, а тоа е конечно Македонија и граѓаните да се ослободат од неправдите и криминалите на актуелната влада.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.