Мицкоски до Заев: Не може семејствата на политичарите да возат мајбах и бентли, а народот да нема ниту за леб

Мора да го провериме имотот на политичарите, мора да се знае дали тоа што го пријавиле е точно. Токму затоа ќе стартуваме со ветин од политичарите, тоа е суштинско, бидејќи тој(Заев) го конверираше обвинителството во Луј Вутон, а судството во трас-трас судство, почотно одлуки трас-трас. ВМРО-ДПМНЕ кога ќе дојде на власт ќе ги провери сите, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на втората телевизиска дебата со претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Мицкоски укажа дека кога ќе дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт ќе се проверуваат сите и оние од Сваровски судство, и оние од трас-трас судство, како и Луј Вутон обвинителство.

– Не може семејствата на политичарите да возат мајбах и бентли, а народот да нема ниту за леб, да не може едно семејство да се прехрани. Граѓаните не можат да врзат први со први, а вие сакате да стартувате со ветинг во правосудство. тоа можевте да го направите до сега, имавте три години. Сега мора да се почитува правото и се знае од каде мора да прочне процесот на прочистување токму од политичарите, рече Мицкоски.