Мицкоски до Заев: Што оставивте да ви завидуваме, за криминалот и корупцијата ли што ги донесе Заевизмот

ретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со граѓани во Општина Тетово. Мицкоски исто така го посети и оствари средба и со членовите и симпатизерите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Тетово.

Мицкоски пред граѓаните нагласи дека граѓаните во Република Македонија се потешко живеат бидејќи оваа влада единствено што знае е да краде и да ги осиромашува граѓаните и државата.

Тој потенцираше дека консензуалниот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски е изгубен во своите изјави, додавајќи дека тој самиот е свесен дека ќе ги изгуби претседателските избори и измислува алиби дека го следи странска служба блиска до опозициската партија.

Тој ја почна сопствената кампања на начин на кој што најмалку се надевавме. Првата изјава му беше дека го следат странски служби кои што се блиски до голема опозициона партија. Го прашавме министерот и несуден кандидат за претседател Оливер Спасовски, дали е безбеден господинот Пендаровски, денеска демант стигна од премиерот, и претседател на СДСМ кој што рече дека Стево Пендаровски е апсолутно целосно безбеден, вели Мицкоски.

Мицкоски исто така рече дека Пендаровски не може да биде претседател бидејќи во минатото ги навредувал граѓаните на Република Македонија и граѓаните не можат да имаат доверба во него, односно како што рече тој е човек на Заев и го претставува заевизмот.

Значи кандидатот во трката покрај тоа што граѓаните порано ги навредуваше, почнува со лага и како можеме ние како луѓе да ја дадеме довербата за човек кој што го навредуваше сопствениот народ и од истиот народ бара поддршка а целокупната кампања ја почнува со лаги. Не што е дел од заевизмот, туку тој човек претставува голем и жесток апологет на деспотот заевизмот.

Претседателот Мицкоски коментирајќи ја денешната изјава на Заев посочи дека има разлика помеѓу Заевизам и Завидлизам, и дека нема за што да се има завист.

-Го слушам Заев вели денес како ова не било Заевизам туку завидлизам. Или го лажат човекот или навистина верува дека ова било од завист. За да има завист, треба барем нешто од нешто да направат. А на што да му завидуваме што ја потона ли земјава, што ја дотераа до питачки стап дека Македонија според листата на Транспаренси интернешнл корупција се наоѓа на местото заедно со Руанда и Танзанија, изjави Мицкоски.

Според него во Македонија нема ниту реформи во ниту еден сегмент во општеството.

-Тоа што сме последни по раст во економијата во регионот и југоисточна Европа. Убиства имаме речиси секој ден или некаков човек исчезнува. Не направија никаква реформа во образованието ниту во здравството, објасни Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека Заев ја понижил и омаловажил сопствената држава и народ, потенцирајќи дека од граѓаните зависи како ќе се мобилизираат се со цел да се спречи ова што во моментот се случува.

Заев не само што успеа да ја понижи и омаловажи сопствената држава и народ туку и претставува навистина големо разочарување за сите граѓани, и оние кои му ја даваа поддршката гледаме како секојдневно се оградуваат од него. Заевизмот добива епидемиолошки размери и нашата задача е тоа да го спречиме, вели тој.