Мицкоски до Заев: Твојот идентитет бетон, не само што немаше арматура, туку не успеа ни првиот предизвик пред времето да се докаже

Денеска на митингот во Скопје, Заев ми постави две прашања, па еве ќе му одговорам од убавото Свети Николе, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Првото беше дека откако ги направи капитулантиските договори поврзани со Преспанскиот договор, па излезе со ставот дека идентитетот бил бетон, денеска гледам го поднаучил брат му околу градежништвото, па му додаде на бетонот и арматура. Но ќе го потсетам како неговиот бетон на местото кое треба да ја симболириза идентитетската целина во Македонија, Владата на РМ, се урна како стиропор, како кула од карти. Се сеќавате како Заев и неговиот нов пријател се срамеа да ја постројат гардата. Се срамеа да слушаат дека денес над Македонија се раѓа, но време за селфи имаше. Е таму, почитуван Заев, твојот т.н. идентитет бетон, не само што немаше арматура, туку не успеа ни првиот предизвик пред времето да се докаже, истакна Мицкоски на митингот во Свети Николе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.