Мицкоски доби јасна поддршка од челниците во регионот

Штотуку завршената мини турнеја на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на трите европски престолнини во регионот, резултираше со недвосмислена и јасна поддршка од влијателните челници на трите земји членки на Европската унија – Унгарија, Словенија и Хрватска, што навестува зацврстување на меѓународните позиции на најголемата опозициска партија во Македонија и нејзино прифаќање како фактор кој може да донесе промени во моменталната политичка зачмаеност во земјата, и на внатрешен план, како и во поглед на македонските аспирации за што поскоро отпочнување и придружување на европското семејство.

Мицкоски, придружуван од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, изминатите четири дена оствари средби со тројца премеирти, унгарскиот Виктор Орбан, словенечкиот Јанез Јанша и хрватскиот Андрија Пленковиќ, при што во рамките на новаа регионална дипломатска иницијатива беа разменети и искустава од повеќе сфери. А тоа се одвиваше додека актуелната власт во Македонија, предводена од Зоран Заев, повеќе се занимава со мешетарење и меѓунартиски договори кои на СДСМ ќе им овозможат да е задржат на власт и покрај растечкото незадоволство меѓу граѓаните.

Мицкоски, на пример, посетата на Љубљана и средбата со словенечкиот премиер Јанез Јанша размени искуства поврзани со економијата, при што беше констатирано дека рецесијата во која се наоѓа македонската економија резултираше со раст на невработеноста, додека пакетите на помош за економијата не ги дадоа потребните резултати.

„Тие, освен за гола промоција, беа наменети за приземен поткуп без ефект и помош за стопанството. Економијата е девастирана што е директна последица на неспособноста на владата, граѓаните немаат време за чекање“, истакна Мицкоски.

Ваквата констатација на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ даоѓа кога светот се подготвува за рестартирање на своите економии, а некои земји, како и Унгарија на пример, и покрај кризата оствари економски раст од 4,9 отсто. Словенија, пак, веќе нарача повеќе од три милиона вакцини и со дополнителните контингенти планира до летото да вакцинира 70 отсто од својата популација, односно да се достигне моментот кој ескпертие го нарекуваат колективен имунитет. Наспроти тоа, македонската влада предводена од Заев, сѐ уште ниту го започнала процесот на регистрација на која и да е вакцина против Covid-19, ниту создала услови за прием на ветените количества од соседите.

Како и прерходно во Будимпешта и потоа во Загреб, Мицкоски и во Љубљана ја отвори темата со ветото од Бугарија кое го блокира патот на Македонија кон ЕУ. Меѓутоа, оцени дека и покрај оваа препрека од Софија, сепак, „акутен проблем“ на земјата останува недостигот од волја за вистинско справување со криминалот и исклучителното високо ниво на корупција во земјата, што според него прави државата да тоне на сите скали и рангирања кои што го мерат квалитетот на живот.

Поради тоа, Мицкоски побара поддршка од словенечкиот премиер на патот кон ЕУ, особено што Словенија е државата која е идниот претседавач со Унијата. Премиерот Јанша изрази поддршка на Македонија и нејзините евроинтеграции, како и поддршка за дополнително развивање на сестринските односи со ВМРО-ДПМНЕ како дел од семејството на Европската народна партија.

Претходно, пред оставрувањето на оваа мини-турнеја која ја оцени како успешна, Мицкоски најави дека сите негови средби во Европа, иако неговата партија ВМРО-ДПМНЕ е во опозиција, ќе бидат во функција да се искористи сиот расположлив потенцијал за да се направи притисок и придвижување на патот кон Европската унија.

„Имаме две опции – или да се задушиме во домашни обвинувања за тоа кој шири лажни вести, а кој ја говори вистината, па да се спроведува операција со која ќе се сака да се прикрие анексот на Договор за кој јавно говори Бугарија, а гледаме дека власта во Македонија моли Бога да не се дознае. А во меѓувреме, ако може да се исфрли предметот историја како посебна наука во образованието, зашто на тој начин се сака да се додвори до страната која бара многу повеќе од тоа, и се’ така да се вртиме во круг и подлабоко да тонеме во мочуриштето на власта. Или пак, втората опција е да не чекаме, да тропнеме на вратите кои можеме да ги отвориме, и да побараме поддршка за она што е заедничка стратегиска цел, а тоа е одблокирање на патот кон ЕУ. Притоа мораме да бидеме свесни дека сериозно како држава заостануваме во многу реформи. Четири години власта е во рацете на Заев, и четири години имаме тапкање во место, додека регионот и светот има достигнувања и напредоци. Нема време за губење“, рече Мицкоски за Дојче Веле пред посетите на трите европски престолнини.