Мицкоски: Договорот Заев/Ахмети е договор за продолжување на криминалот, лагите и корупцијата

Договорот Заев/Ахмети е договор за продолжување на криминалот, лагите и корупцијата. Политичарите од транзицијата да продолжат со деградирање на институциите, провлекување на личните интереси и неправдите. Имаме коалиција на криминалот, пишува на својот Фејсбук профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Замислите истите оние кои со месеци се во потрага по инвеститорот на дивата градба што расте во Мавровка среде Скопје сега ќе управуваат со буџетот на сите. Ова е коалиција после која истиот СДСМ ќе го видиме пред следните избори како ни вели нема инвестиции, нема пари затоа што тие не го воделе како што треба секторот финансии, ќе имаме нови порази во надворешната политика затоа што тие не го воделе МНР.
Дека нивниот коалиционен партнер “5 пари не вреди”, и дека е “канцер”. А ова беа зборовите на СДСМ со кои го опишуваа ДУИ пред изборите, а сега кога власта е во прашање се фалат едни со други. Зошто? За власт, пари и личен комодитет. За одбегнување на одговорност, поради страв од правдата.
Следува период каде нема да видиме реформи, ќе има кратења, поскап живот и ценовни шокови. Добиваме Влада без кредибилитет и без европска иднина. Македонија има многу проблеми и еден извор на тие проблеми, тоа е оваа антиреформска коалиција за заштита на криминалот, корупцијата, срамот и понижувањата. Ова е влада без кредибилитет, овој пат со пократок рок од претходниот мандат.

И кога велат „можеме“, им веруваме дека можат само во криминалот и корупцијата, ништо повеќе“, истакнува Мицкоски.