Мицкоски: Државна трагедија, сто дена Влада – четири години загуба

Државна трагедија! Колку луѓе треба да умрат за да сфатат дека нивната непсобност убива!?, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, откако во средата вечерта беше објавен рекордниот број починати од Covid-19 во едно деноноќие.

„Веднаш по изјавата на власта дека пикот поминал, нов црн пик, 46 лица ги загубија животите поради #COVID од кои најмладиот има 28 години.

Помеѓу две глумења лажни патриоти, додека прават распродажба на идентитетот, може барем за секунда да помислат на народот, или и тоа им е претешко.

100 дена Влада од 4 години загуби. #оставканазаевслободананародот