
Во Кривичниот законик не се интервенира само во членот 353, туку и во еден друг член којшто третира едно друго кривично дело, а тоа е злосторничко здружување, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Вести плус“ на Канал 5 телевизија говорејќи за дополнување и изменување на Кривичниот законик.
Мицкоски посочи дека на шверцерски начин власта со европското знаменце сака да ја помине оваа измена на законот. И ова е срамен чин на демократијата. Јасна е интенцијата на власта се ближи крајот и не бираат средства за да се заштитат од криминалот што го правеа досега.
„Ја разбирам нивната интенција, дека они мислат дека сега се заштитени, но и денес кажав на еден настан не само европско знаме, златно знаме да стават од криминалот кој што го правеле овие шест години и одговорноста за тој криминал нема каде да бегаат“, посочи Мицкоски меѓудругото.
Челникот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека изминативе повеќе од седум години Македонија поминува низ една голгота. Криминалот на власта е голем и не треба да се помине без одговорност.
„Ниту амандмани завршуваат работа, нити постои начин да се сопре оваа работа. Затоа што е злоупотребено европското знаменце. Единствен начин да се побара одговорност е само на избори. Кога ќе дојдат изборите граѓаните да излезат масовно да го поддржат ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ја предводи, а јас еве ги гледам во очи и велам дека и златно знаме да стават има и други начини и други закони според кои што ќе одговараат за криминалот кој што го правеа изминативе шест години“, заклучи Мицкоски.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.