Мицкоски: Ќе го испитаме потеклото на имот на политичарите од прв до последен

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за премиер, Христијан Мицкоски, во вечерашната емисија „360степени“ на телевизија Алсат, истакна дека ќе се испита потеклото на имот за сите политичари од прв до последен, почнувајќи од него.

-Јас кога зборам за ветинг помеѓу политичарите велам, еве почнете од мене, таканаречен процес на прочистување во политиката, да видиме дали ние или нашите семејства можеме да го докажеме потеклото на нашиот имот и сето она со коешто располагаме, вели Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека најпрво треба да се прочистат политичарите коишто се богатат на грбот на народот. Понатаму тој додаде дека тоа простување треба да продолжи во судството, во администрацијата, каде имаме службеници коишто располагаат со екстремно голем капитал што не соодвествува со нивните примања, да видиме на кој начин и како го имаат стекнато истиот.

-Ова наше политичко мочуриште акумулира многу нејасни работи, да видиме како тоа политичарите наеднаш се обогатуваат, како никнува имот кој е е несразмерен со нивните примања, да видиме што ни се случуваше изминативе 20тина години од луѓе кои се богатеа на грбот на граѓаните, потенцира Мицкоски.