(ВИДЕО) Мицкоски: Ќе го менуваме Преспанскиот договор

Првиот човек на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за „Слободен печат“ во емисијата  „Утрински брифинг“ изјави дека не само сликите од Никола Груевски, се отстрануваат во партиското седиште, туку се отстрануваат и други и се ставаат слики со други содржини и луѓе кои што оставиле белег во историјата.

Околу неодамнешниот собир на ВМРО-ДПМНЕ во СЦ „Јане Сандански“, каде беа забележани голем број на поддржувачи на бившиот лидер Груевски, Мицкоски вели дека е нормално на собирите да има луѓе од неколку генерации на ВМРО-ДПМНЕ.

Околу Преспанскиот договор, Мицкоски дециден: Со двотретинско мнозинство во парламентот, го укинуваме Преспанскиот договор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.