Мицкоски: Ќе коалицираме со албанска партија за да се почитуваат законите подеднакво секаде

„Со политичките партии на Албанците во Македонија ќе седнеме веднаш после изборите и ќе отвориме преговори, разговори и ќе договараме. Но да видиме најпрвин дали можеме за основните столбови да постигнеме договор. А, тоа е дека Законот ќе владее на 25.000 квадратни километри “, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при своето гостување на емисија на телевизија Телма.

Мицкоски додаде дека за пример дека има една околна скопска општина каде што данок на имот на годишно ниво собира 1000 евра. Тогаш едно е да се зборува, а друго е како е на терен.   Има и друга општина во Западна Македонија каде што македонските ученици учат во училиште во субстандарни услови, односно не во училиште туку во бараки. И две години се најавува дека тоа училиште ќе биде реконструирано.

„Јас се борам за сите граѓани, ако јас некаде видам дека Роми, Турци, Албанци живеат во субстандарни услови, имаат услови за студирање субстандарни и за нив ќе се борам“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски посочи дека не може да игнорира кога има се уште субстандарни услови.