Мицкоски е крив што не врне снег за Нова Година

612

Деновиве сме сведоци на жестока пропаганда насочена против лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од медиумите под контрола на СДСМ.

Целта на оваа хајка е јасна.

Што повеќе да се удри по лидерот на опозицијата, бидејќи неговиот рејтинг и популарноста е многу заканувачка и опасна за СДСМ. Во неможноста да ја подобрат својата позиција на јавната сцена, удираат по противникот, со цел што е можно повеќе да ја урнисаат неговата позиција. И тука мора да се признае дека СДСМ е во огромна предност, бидејќи контролира огромен дел од медиумите во Македонија.

Последен пример во оваа епизода е случајот со ГА-МА. Во таа војна пратениците на ВМРО ДПМНЕ успејаа да победат во една битка. Сепак силата си го направи своето. И веднаш по „средувањето“ на работите во Собранието, како по наредба се јави Телма, чедото на Макпетрол во медиумскиот сектор. Веднаш со анкета, како СДСМ и Заев се најдобри, најубави, најспособни, најомилени меѓу луѓето… Арно ама, за дил од 33 милиони евра, многу некако неблагопријатни, и тоа за СДСМ, испаднале резултатите од анкетата. Не ќе да е работава дека нивните политички миленици се најдобри, најубави, најспособни, најомилени меѓу луѓето.

Од друга страна, во така пласираните информации јавноста им поверува исто како што поверува во онаа медиумска нарачка што ја лиферуваа дека Мицкоски е главниот извор на лажни вести во Македонија. Колку треба една личност да не држи до себе за да напише таква колосална глупост? Колку ли не’ мислат дека сме малоумни, неинформирани, слепи и глуви?

Па, мислам дека и оние децана по семафори балони што продаваат знаат дека главниот извор на лажни вести во Македонија е Зоран Заев и СДСМ. Дузина од лажни вести пласираа во јавноста во изминативе 4 години. Една лажна вест покриваа со објава на друга лажна вест. Народот пак, нормално почна шеги да си бие со глупавите лажги кои ги кажуваа/т – од датумот за ЕУ, финансиските инвестиции со смената на името и влезот во НАТО, со Филипче и неговото лажно вакцинирање пред медиумите на детето кое му беше внуче чинам, со оној бурлески случај „Рекет“ и тоа кој го пријавил и тоа како парите ги нема никаде?! Па, мастери на глобално ниво се во креирање на фејк вести. Дури и со Трамп правеа лажни вести, кога Николче Димитров клекнат од сачекуша го фотографираше Заев, додека овој се буткаше таму и го тегнеше за рака да се поздрави со него. Па, после лажеа дека имало средба. Шлаг на нивната стратегија беше моментот „фатете го крадецот“. Мицкоски е главниот извор на лажни вести! Јако нема што. Мислам дека цело членство на СДСМ им глуми дека им верува.

Е сега, во една таква ситуација, во која рејтингот и на Заев и на СДСМ е доведен под еден голем знак прашалник, мислат дека со тоа што ќе удрат по Христијан Мицкоски ќе си ја решат работата. А, всушност човек не треба да биде незнам каков експерт, или колку јако информиран за да види дека само се обидуваат да го скријат башибозукот во своите редови. На пример ете, секој втор знае дека дузина оставки овие денови се случија во СДСМ. Партиски функционери и општински организации се повлекуваат, бегаат, и отворено го посочуваат Заев како причина за тоа. Незадоволни се од неговото менаџирање на партијата, како и преголемото мешање на неговиот брат во партиските работи, и обвинуваат за коруптивно работење и за злоупотреби. Барем во Скопје, имаат еден куп незадоволни членови, кои извисиле по последниве парламентарни избори, кои сфатиле дека ветувањата пред избори што ги добиле се само една обична лага. Дека сега никој од раководството не им се јавува на телефон, ма ни на пораки не им одговараат.

Борбата за градоначалничките кандидатури за претстојните локални избори дополнително им ја разгорува работава. Поделени во табори колку сакаш. Секој својот индивидулен интерес си го тера и собира групи од партиски членови околу себе. Да не си му во кожа на Заев, колку во моментов има раздор во партијата. А башка, тепачката околу тоа лобирањата чија фирма да ги увезе вакцините за Ковид 19 – милионски бизнис.

И сега после сето ова јавноста во Македонија треба да верува во нивните, господ знае по кој пат, објави на лажни вести и хајката против Мицкоски?

E, тешко богами.

Автор: Дејан Николовски

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.